Онлајн владина седница на која ќе се одлучува за тридневниот карантин

Владата на Република Северна Македонија денеска во 13.30 часот ќе одржи седница, која ќе се одвива преку видео-интернет комуникација.

Како што соопшти владината прес-служба, за заклучоците од седницата ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување.
Според најавите, на владината седница меѓудругото ќе се одлучува дали граѓаните ќе ги поминат првомајските празници во тридневен карантин, по препораките на Комисијата за заразни болести која предложи полицискиот час во земјата за 1 Мај да трае од 19 часот в четврток до пет часот в понеделник, сличен на оној на Велигденските празници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот