Онлајн учењето ќе стане едноставно и ефикасно, и за учениците и за наставниците

Платформата ќе биде предизвик за сите, но верувам дека ќе ја засакаме. Таа е лесна и практична и овозможува наставниците на едноставен и на креативен начин да воспостават комуникација со учениците. Националната платформа е многу повеќе од подобра замена за традиционалното учење – изјави Царовска.

Националната платформа за онлајн учење ќе биде повеќе од добра замена за традиционалната настава – изјави вчера министерката за образование и наука Мила Царовска, која на прес-конференција, заедно со премиерот Зоран Заев, ја претстави националната платформа за онлајн учење, која ќе се употребува од почетокот на новата учебна година.

– Пандемијата покажа дека треба многу да научиме за планирањето на инвестициите во образованието и колку е тоа важно за сите нас. Пандемијата ни покажа дека ни е потребен добар образовен систем и дека треба да работиме на негова дигитализација. За првпат со домашни ресурси и експерти подготвивме национална платформа за онлајн учење. Платформата за онлајн учење е инклузивна, едноставна за користење и јас сум убеден дека ќе ја засакаат сите. Пет јазици – македонски, албански, турски, српски и бошњачки јазик. Квалитетно и иновативно образование по мера на секого е една од нашите основни цели. Давам безрезервна поддршка за имплементација на овој процес. Посветено ќе работиме на реформи во образованието – изјави премиерот Заев.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Панична реакција на премиерката на Исланд, среде интервју стресе земјотрес

Министерката Царовска во своето обраќање посочи дека станува збор за едноставна платформа, која е едноставна за користење и за наставниците и за учениците, а дополнително самите ученици ќе имаат можност да понудат идеи за нејзина надоградба за да биде полесна и поефективна за користење.

– Силно се посветивме на креирање платформа за учење од далечина. Таа е влог за модернизација на образованието и алатка што ќе помогне да се задржи квалитетот на образованието и во време на пандемија, но ќе биде корисна и во иднина. Целосно ја разбирам загриженоста на родителите, како ќе одат на работа и како ќе им помагаат на своите деца при учењето. Платформата ќе биде предизвик за сите, но верувам дека ќе ја засакаме. Таа е лесна и практична и овозможува наставниците на едноставен и на креативен начин да воспостават комуникација со учениците. Националната платформа е многу повеќе од подобра замена за традиционалното учење – изјави Царовска.

Прочитајте и...  Во септември уште 2.239 вработени станале невработени

Министерката потоа откри со какви содржини ќе располага платформата, а истакна и дека веќе има обучени кадри, кои ќе им ја презентираат платформата на наставниците пред почетокот на учебната година.

– Наставникот ќе може да ги користи сите видео и аудиоматеријали од платформата. Ќе има квизови и брзи тестови, кои ќе бидат поставени на платформата. Учениците директно ќе се вклучуваат во доградување на платформата за да ја адаптираат на своите потреби. Платформата е преведена на сите наставни јазици. За користење на платформата најпрво се обучија 30 обучувачи од голем дел од општините од нашата држава. Обуката се изведува на три наставни јазици, а  веќе обучените лица ќе ги обучат и сите наставници на ниво на поединечни училишта – изјави Царовска.

Еве како ќе изгледа еден час во живо на новата национална платформа оваа учебна година (ФОТО)

Поврзани вести

Папата Франциск за првпат поддржа легализација на истополови бракови: Имаат право на семејство

Слободен печат

Димовски: Нема што да се дебатира за онлајн седници, Уставот е јасен

Слободен печат

Умре волонтер кој учествувал во тестирањето на Оксфорд вакцината против ковид-19

Слободен печат

ОММ: Пратениците да ги донираат лаптопите онаму каде што се најпотребни

Слободен печат

Мерните станици за квалитетот на воздухот обоени во аларманта црвена боја

Рекламација на производи од 847 милиони долари: Ј. Кореја купи четири дрона од САД, два со дефекти

Слободен печат

Остави Коментар