ОН: Бројот на гладни во светот би можел да се дуплира

Сега оваа категорија луѓе брои 135 милиони, пренесува Ројтерс.

Бројот на лица кои се соочуваат со акутна закана за обезбедување храна годинава би можел да се дуплира и да достигне до 265 милиони поради падот на економиите предизвикан од вирусот Ковид – 19.

Вакво предупредување денеска испрати Светскиот програм за храна при Обединетите Нации.

Тие проценуваат дека влијанието на приходите од туризмот, падот на патувањата и другите ограничувања воведени поради пандемијата ќе предизвикаат во светот бројот на гладни да порасне за нови 130 милиони лица годинава.

До сега оваа категорија луѓе броеше 135 милиони, пренесува Ројтерс.

– Ковид – 19 е потенцијално фатален за милиони луѓе чија егзистенција веќе виси на конец, вели Ариф Хусеин, главен економист и директор за истражување, проценка и надзор во Светскиот програм за храна при ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот