Омраза и нетрпеливост за семејствата на борците на Исламска држава: Обидите за реинтеграција во општеството залудни

Фото: Профимедиа

Исламска држава (ИД) е уништена пред половина година, а  во моментов илјадици сопруги на борци на ИД и нивните деца се наоѓаат во бегалските кампови ширум Сирија и Ирак. Дел од жените на бориците на ИД се вратија во сирискиот град Рака, поранешната престолнина на самопрогласената држава. Повратничките се во градот по 365 дена живот во калифат, две години бегство и половина година живот во камп за бегалци, објави „Нет.хр“.

Според „Дневник.хр“, 53-годишната Умм Махмуд е мајка на три ќерки, баба на три внучиња и сопруга на човек кој се борел за Исламската држава. Таа тврди дека нејзиниот маж, таа и децата немаат никаква врска со т.н. Исламска држава.

– Не сум дел од таа група. Само ги применувам законите на Бога. Оваа облека која ја носам се споменува во Куранот. Дали треба да се ослободам од својата облека за луѓето да ми поверуваат дека не сум дел од таа група? – се прашува жената.

Соседите не сакаат да ги видат

Умм Махмуд останала без двајцата синови и зетот кој работеле и се бореле за ИД, а нејзиниот сопруг, 14-годишен син, татко и другиот зет останале во заробеништво на курдските сили. По враќањето во Рака, жените на борците на ИД се дочекани со отворено непријателство на соседите.

Махмуд кажува дека соседите се навистина непријатни. Таа откри дека соседите имаат струја, додека тие немаат.

– Повеќе куќи имаат струја, а ние седиме во темнина. Зарем немаат не сочувствуваат со нас? – се прашува разочарано жената.

Иако многумина ќе се сложат со соседите, некои ќе речат дека на тие жени и семејства мора да им се помогне. Такво мислење има и племенскиот лидер Шеик Хвеиди Ал-Шалш. Токму тој успеал да ги извлече од кампот за бегалци.

– Дали кампот ја промени нивната идеолоија. Не. Само ја засили. Дете кое влегло во кампот со 10 години било невино, а сега во себе ја носи целата омраза на светот – ги брани Ал-Шалш.

Досега од истиот камп во Рака се вратиле речиси 700 семејства, пишува „Дневник.хр“. Бегалците од кампот единствено можат да излезат ако некој гарантира дека нема да прават проблеми, а тоа правило е поради безбедносни причини. Илјадници веќе се пријавиле за враќање, но треба да се види дали ќе успеат обидите за реинтеграција и помирување кои властите во Рака ги спроведуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот