Охриѓанец починал откако паднал при извршување градежни работи

Пад на работник од скеле/ Фото: МИА

Пеесет и деветгодишен маж починал вчера откако паднал при извршување на градежни работи на куќа.

„Вчера во 10.38 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, 59-годишниот И.Х. од охридското село Лескоец, кој изведувал градежни работи на куќа во охридското село Рамне, паднал и починал, извести СВР Охрид“, информираат од СВР Охрид.

Увид на местото на настанот извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина при Општата болница во Битола каде, е извршена обдукција, додаваат СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот