Охриѓанец испукал неколку куршуми на свадба, повредени маж и дете

Илустрација/Архива на Слободен печат

Две лица се повредени откако гостин на свадба испукал неколку куршуми од својот пиштол.

„ На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино” во Охрид, К.Б.(60) од Охрид, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава” калибар 7,62 милиометри. Притоа, И.С.(39) Охрид и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што од К.Б. одзедоа пиштол „Застава м57″ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер”, ловечка пушка „Бајкал” и дозвола за оружјето.“

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот