Охрабрувачки сигнали од Германија: Експерименталната вакцина на „Кјурвак“ дава имун одговор кај луѓе

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Експерименталната вакцина на германската компанија „Кjурвак“ против ковид-19 предизвика имун одговор кај луѓето, соопшти денеска компанијата.

– Многу сме охрабрени од податоците од првата фаза, рече извршниот директор, Франц-Вернер Хас.

Биотехнолошката компанија го користи таканаречениот РНК пристап, исто како „Модерна”, како и „Бионтек“ и неговиот партнер „Фајзер“, кои започнаа масовно тестирање на луѓе кон крајот на јули.

„Кјурвак“ информира дека нивната потенцијална вакцина, позната како CVnCoV, генерално добро се поднесува и компанијата планира да почне со последната фаза на тестирање на луѓе пред крајот на годината.

Компанија поддржана од германскиот инвеститор во биотехнологија Дитмар Хоп, фондацијата „Гајетс и ГлаксоСмитКлајн“, соопшти дека волонтерите развиле нивоа на неутрализирачки антитела како луѓе кои се опоравуваат од тешка форма на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот