Официјално: Вардар 1961 ги потврди Кудуз и Ѓукиќ!

Фото: rkvardar.mk

Претходно се најавуваше, тоа денеска и официјално доби потврда, од следната сезона на позицијата лев бек во тимот на Вардар 1961 ќе игра Анте Кудуз (25). Македонскиот шампион потпиша двегодишен договор со Хрватот кој во Скопје би требало да остане до летото 2023 година.

Висок 202 см., доаѓа од екипата на Динамо Букурешт каде настапува и лани беше прогласен за најдобар играч во првенството на Романија. Лани со екипата настапуваше во групната фаза од ЛШ. Потоа, избори и пласман во осминафиналето на ЛШ, но беа откажани натпреварите (поради коронавирусот) и административно беа одредени учесниците за Ф4 турнирот.

Кудуз таа сезона постигна 61 гол, а особено значајно беше неговата улога токму во дуелите со Спортинг во елиминациите и пласманот за осминафиналето. Сезонава на четири натпревари во Лига Европа досега постигна вкупно 11 гола. Букурешт е во група со Спортинг, Кристијанстад, Фуксе Берлин, Татран Прешов и Ним.

Во својата кариера Кудуз ги бранеше уште боите на Осијек, Вараждин, Дижон (Франција), Винтертур (Швајцарија).

– Со ангажирањето на Кудуз би требало да добиеме на шутерски начин уште подобра лева страна и играч што ќе може да биде уште поубоит кон противничкиот гол. Неговите игри во Динамо, особено во Лигата на шампионите беа одлична препорака. Верувам дека ќе успее да се вклопи во нашата концепција и систем на играње. Вардар веќе го создава тимот за следната сезона и сакаме да имаме повеќе расположливи квалитетни играчи на сите позиции. Очекуваме костурот на тимот да го задржиме, и со засилувањата Вардар да биде уште поконкурентни на меѓународна сцена – вели Стевче Алушовски, тренерот на Вардар 1961.

Вардар 1961 за од следната сезона го договори и десното српско крило Дарко Ѓукиќ, а од сега на полусезона пристигна и Васко Шеваљевиќ кој ќе остане 1,5 сезона во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот