Официјално, рекорден трансфер за Наполи

EPA-EFE/Kai Foersterling

Пред неколку дена италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Наполи постигна договор со Лил за трансфер на напаѓачот Виктор Осимен.


Денеска тоа го потврди уште еден новинар Танкреди Палмери, кој речиси никогаш не греши кога станува збор за трансфери на италијанските екипи.
Според Палмери, Наполи за одличниот напаѓач ќе плати 60 милиони евра и тоа е најголемиот трансфер во историјата на клубот, а петти најголем во историјата на Серија А.

Трите најголеми трансфери во Серија А се дело на Јувентус кој за Кристијано Роналдо плати 117 милиони евра, за Гонзало Игуаин 90 милиони евра, а за Матијс де Лихт 85.5 милиони евра, по што следи Интер кој минатото лето издвои 75 милиони евра за Ромалу Лукаку.

Лил се согласи да го продаде Осимен откако успеа да најде замена за него и зборот падна на турскиот репрезентативец Бурак Јилмаз од Бешикташ кој ќе потпише двегодишен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот