Официјално: Карло Анчелоти ќе го води Евертон! (ВИДЕО)

фото:твитер

Карло Анчелоти се врати во Премиер лигата, тој е промовиран како нов менаџер на Евертон, со договор на четири години на „Гудисон парк“.

Италијанецот ќе има задача прво клубот да го одведе на побезбедно место во генералниот пласман од Премиер лигата, моментно е на 16. место со 18 бодови, само три повеќе од Саутемптон кој е во опасната зона на испаѓање.

– Ги гледав перформансите на клубот во последните две недели и видов играчите се способни за добри резултати. Голема заслуга за развојот на тимот има и Данкан Фергусон. Силна организација, силна дисциплина и вистинската мотивација се некои од клучните сегменти во фудбалот и задоволен сум што тој ќе биде дел од соблекувалната со цел екипата да оди напред – рече Анчелоти.

60. годишниот тренер имаше славни моменти во Англија со Челзи со по една титула во Премиер лигата, ФА Купот и ФА Комјунити Шилд.

Во својата тренерска кариера ги водеше уште Баерн Минхен, Реал Мадрид, ПСЖ, Милан, Јувентус, Парма и Реџана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот