Официјално: Хаверц потпиша за Челси

twitter/Chelsea

Англискиот премиерлигаш направи неверојатна работа во летниот преоден рок, ангажира шест екстра засилувања.

Каи Хаверц денеска и официјално стана нов фудбалер на Челси откако утринава ја напушти германската репрезентација за да замине во Лондон и да стави параф на договорот со Челси.

Хаверц го напушти кампот на германската репрезентација поради Челси

Довчерашниот фудбалер на Баер Леверкузен, од денеска е нов фудбалер на Челси кој во досегашниот преоден рок ги ангажира Тимо Вернер од Лајпциг, Хаким Зијех од Ајакс, Бен Чилвел од Лестер и Тијаго Силва кој дојде како слободен играч.

– Многу сум среќен, а воедно и горд што сум тука. Тоа што ќе играм за вака голем клуб како Челси е остварување на сонот. Едвај чекам да ги запознаам соиграчите и тренерот – изјави Хаверц по потпишувањето на договорот.

Директорката на Челси, Марина Грановскаја, уште еднаш го потврди епитетот на најмоќна жена во светот на фудбалот.

– Каи е еден од најдобрите млади фудбалери на светот од својата генерација и среќни сме што неговата иднина е поврзана со Челси. Тој го покажа својот квалитет во една од најдобрите европски лиги, игра за германската репрезентација – изјави Грановскаја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот