Официјално: Гатузо не е повеќе тренер на Елмас и Наполи

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Вчера во последното коло од италијанската Серија А екипата на Наполи се бореше за едно од местата кои водат следната сезона во Лигата на шампионите.

На крајот „наполитанците“ не успеаја да ја остварат целта и ќе мора повторно да се задоволат со учество во Лига Европа.

Газдата на клубот, Аурелио Де Лаурентис преку својот Твитер профил ја информираше јавноста дека се прекинува соработката со досегашниот тренер Џенаро Гатузо.

– Драг Рино, среќен сум што скоро две сезони поминав со тебе. Благодарност за твојата работа, ти посакувам успех каде и да одиш. Прегратки до твојата сопруга и децата – напиша Де Лаурентис кој денеска го слави 72 роденден.

Италијанските медиуми шпекулираат неколку имиња кои се поврзуваат со тренерската клупа на Наполи, а според „Калчомеркато“ прв кандидат е Лучано Спалети.

Де Лаурентис е подготвен да му понуди договор на Спалети со годишна заработка од 2,5 до три милиони евра.

Се одвојуваат уште неколку кандидати, тие се Иван Јуриќ, Винченцо Италиано и Кристоф Галтие, а се спомнува и Масимилијано Алегри, иако екс шефот на Јувентус е во разговори со Реал Мадрид.

ВИДЕО: Каква драма во Серија А, Верона „играше“ за Јувентус!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот