Официјално: Зајков не е повеќе фудбалер на Левски

зајков стојановски
Репрезентативецот Ѓоко Зајков во потрага по нов клуб/Фото: ffm.mk

Бугарскиот фудбалски клуб Левски одлучи да се раздели со македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков.

Договорот помеѓу клубот и нашиот играч беше раскинат со заеднички договор. Фудбалерот од средниот ред дојде во тимот во летото 2021 година, забележувајќи 16 настапи и еден гол во „синиот“ дрес.

– Раководството и спортско-техничкиот штаб на „ПФК Левски“ изразуваат благодарност до Ѓоко Зајков за посветеноста и професионалниот однос со тимот на „сините“, како и за разбирањето и отстапките што ги направи во врска со тешката финансиска состојба на клуб и му посакуваат добро здравје, лични и професионален успеси – објавија од клубот.

Во својата клупска кариера 26-годишниот дефанзивец играше уште за Работнички, Б тимот на Рен од Франција и белгиската Шарлроа.

За нашата А репрезентација има досега 18 настапи и еден гол реализиран пред две години во ремито со Естонија во Лигата на нации (3:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот