Официјално: Серија А му одзема десет бода на Јувентус!

Фото: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Федералниот апелационен суд во Италија вечерва пресуди со одлука за одземање на десет бодови за Јувентус и со оваа казна „старата дама“ не е помеѓу екипите кои се пласираат во Лигата на шампионите.

Сослушувањето се одржа денес во Рим. Обвинителот Џузепе Чине по враќањето на случајот побара казна од девет бода за црно-белите. Сепак, судот го прогласи Јувентус за виновен за „надувувањето“ на трансфер сумите со цел поголеми капитални добивки за клубот.

Во овој момент Јувентус има 59 бодови и така се наоѓа на седмата позиција, а ако слави вечерва против Емполи би се искачил до петтото место.

Како што стојат работите најважен за Јувентус би можел да биде натпреварот против Милан кој се игра во претпоследното коло од Серија А. „Росонерите“ во овој момент се четврти со 64 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот