Официјално: Серхио Рамос ќе го напушти ПСЖ

Првите луѓе на ПСЖ соопштија дека Серхио Рамос од недела повеќе нема да биде играч на францускиот шампион.
Во сабота навечер искусниот шпански дефанзивец официјално ќе се прости од клубот во последното коло од францускиот шампионат против Клермон во Париз.
Пред две недели имаше наводи дека одбранбениот фудбалер ќе остане во редовите на парижаните за двојно поголема плата.
Рамос пред две години пристигна во Париз и потпиша договор на 24 месеци, според кој месечно заработуваше по еден милион евра, односно 12 милиони годишно.
Во текот на кариерата освои четири титули во Лигата на шампионите, исто толку пати беше шампион на Шпанија, а со репрезентацијата беше светски првак и двапати европски првак, додека во дресот на Реал Мадрид беше и светски клупски шампион.
#MerciRamos 🔴🔵 pic.twitter.com/nqcTWYWp4F
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 2, 2023
Пукна „бомбата“ во Париз: Галтие потврди, Меси заминува од ПСЖ!