Официјално: Рикиардо ќе го напушти Ф1 тимот на „Мекларен“

Даниел Рикиардо не успеа да се наметне во Ф1 тимот на „Мекларен“/Фото: EPA-EFE/Zoltan Balogh

Австралискиот возач Даниел Рикиардо ќе го напушти „Мекларен“ на крајот од оваа сезона, соопшти денеска Формула 1 тимот.

Рикиардо беше под договор со Мекларен до 2023 година, но денеска беше потврдено дека двете страни постигнале договор тој да го напушти тимот на крајот од сезоната 2022.

– Ова ќе биде мојата последна сезона со Мекларен. Очигледно дека вложивме многу напор од двете страни, но едноставно не излезе како што сакавме, па тимот реши да направи промена за следната сезона – рече Рикиардо.

Тој пристигна во Мекларен на почетокот на 2021 година, но не успеа да се наметне. Освен победата на Италијанското ГП во 2021 година, 33-годишниот Австралиец е главно во сенка на неговиот клупски колега Ландо Норис.

Рикиардо моментно, пред неделната трка за Големата награда на Белгија, се наоѓа на 12 место во генералниот пласман, додека Норис е седми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот