Официјално: Кристијан Ериксен потпиша за Манчестер јунајтед

Кристијан Ериксен колабираше за време на Евро 2020 по што му беше вграден дефибрилатор/ фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Денеска Манчестер јунајтед објави дека нов играч на клубот е Кристијан Ериксен кој потпиша договор до јуни 2025 година.

Играчот од средниот ред до сега има 115 настапи за данската репрезентација, постигнувајќи 38 голови.

Во Премиер лигата има 237 натпревари на кои постигна 52 голови и запиша 71 асистенција.

– Манчестер јунајтед е посебен клуб и едвај чекам да започнам. Многупати ја имав привилегијата да играм на „Олд Трафорд“, но да го направам тоа во црвениот дрес на Јунајтед ќе биде неверојатно чувство – рече Ериксен за клупскиот сајт на „црвените ѓаволи“.

Пред Данецот договор со Јунајтед потпиша и холандскиот дефанзивец Тајрел Маласија, а се очекува наскоро да дојде и Лисандро Мартинез од Ајакс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот