Официјално: Црвена звезда остана без тренер, Радоњиќ потпиша за Панатинаикос

Дејан Радоњиќ е нов тренер на Панатинаикос/фото: EPA-EFE/DANIEL KOPATSCH

Тоа што се најавуваше во последните 48 часа, денеска стана официјално, Дејан Радоњиќ е нов тренер на Панатинаикос.

Радоњиќ потпиша двегодишен договор со Панатинаикос за што ќе заработи 1.2 милиони евра, пишуваат грчките медиуми.

– Многу сум среќен и возбуден што станав дел од големото семејство на Панатинакос. Тоа е еден од најважните и најголемите европски клубови. Сакам да им се заблагодарам на луѓето во клубот на укажаната доверба и тоа многу ми значи. Не чека многу работа, но убеден сум дека заедно можеме да направиме големи работи – изјави Радоњиќ во првото обраќање како тренер на грчкиот тим.

Дејан Радоњиќ со Црвена звезда минатата сезона триумфира во АБА лигата и во првенството на Србија, притоа изборувајќи пласман на „црвено-белите“ во Евролигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот