Официјално: Анчелоти го продолжи договорот со Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти/фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти одлучи да го продолжи договорот со Реал Мадрид до 30 јуни 2026 година.

Во пет сезони на клупата на „кралскиот“ клуб освои 10 титули, по две во Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Европскиот Супер Куп и Копа дел Реј, и по една во „Ла Лига“ и Шпанскиот Супер куп.

Анчелоти е единствениот тренер кој освои четири европски трофеи и со 118 победи е најуспешниот стручњак во тие натпреварувања, а воедно и првиот кој доаѓаше до шампионски титули во Топ 5 европските лиги во Италија, Шпанија, Англија, Франција и Германија.

Се шпекулираше годинава дека би можел да биде новиот селектор на Бразил, но Италијанецот константно изјавуваше дека негова примарна цел е да остане на „Сантјаго Бернабеу“.

И сезонава има шанса Анчелоти со Реал да се закити со нови пехари, моментно по 18 кола е првопласиран во „Ла Лига“ со 45 бодови колку што има и најголемото изненадување во шампионатот, Жирона, а со седум помалку бодови на третото и четвртото место се Атлетико Мадрид и Барселона.

Во Лигата на шампионите во осминафиналето за противник го има Лајпциг на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Наскоро ќе игра и 1/16 финале во Кралскиот куп против нисколигашот Арандина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот