Одобрени буџетски средства за решавање на проблемите со Преспанското и Дојранското Езеро

Владата на денешната седница донесе Одлука за одобрување првични средства од Буџетот за 2020 година, наменети за решавање на проблемите со состојбата на Преспанското и Дојранското Eзеро.

– Владата ја разгледа и усвои информацијата со анализа и акцискиот план за Преспанското Езеро, подготвена од Експертската работна група за Преспанско Eзеро. Владата ги задолжи надлежните институции утврдени во Акцискиот план за Преспанско Eзеро, да обезбедат финансиски средства за реализација на мерките на Акцискиот план за Преспанското Езеро, и во таа насока донесе Одлука за одобрување првични средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во износ од 44.000.000 денари на општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанското Eзеро, се наведува во соопштението од владината седница.

Прочитајте и...  Причините семејни: Портпаролот на грчката Влада, Христос Тарантилис поднесе оставка

Како што информира владината Прес-служба, Владата донесе Одлука и за одобрување на средства во висина од 30 милиони денари од Буџетот за 2020 година за Општина Дојран за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Eзеро. 

Поврзани вести

ВИДЕО+ФОТО I  Руски дипломати ја напуштија Северна Кореја туркајќи вагонче од воз

Слободен печат

ВИДЕО: Воздушниот напад на Бајден врз Сирија – симболичен гест, вовед во војна или нешто друго?

Слободен печат

Родителите на исчезнатите млади момчиња апелираат до Вучиќ да не објавува фотографии и снимки од монструозните убиства на кланот на Веља Невоља

Слободен печат

ВИДЕО | Забавата поради која Неделковски и Пандов завршија во полиција

Слободен печат

Маричиќ потврди дека Русковска е обвинителот со кој се сретнал во петокот

Слободен печат

Амбасадорот Коснет ја потврди поддршката на САД за ЕУ ​​во дијалогот Белград-Приштина

Слободен печат

Остави Коментар