ОДЛУКА пред која ниту еден родител НЕ САКА да се најде – Храбар татко го пријавил СОПСТВЕНИОТ син во полиција

Полиција во САД/Фото: Профимедиа

Храбар и одговорен татко можеби помогнал да се спречи уште една масовно пукање во Америка кога го пријавил сопствениот син, кој тргнал во мисија да набави оружје

Полицијата во Форт Ворт во Тексас го фатила 27-годишниот маж со ментални проблеми, кој во градот пробал да купи огнено оружје. Инцидентот се случил на 3 септември, месец дена откако 22 лица беа убиени во Волмарт во Ел Пасо, исто така во Тексас, кога 21-годишник со пушка почнал да убива луѓе.

Полицијата дури сега објавила детали од настаните од Форт Ворт, пишува АБЦ Њуз. Полицаецот задолжен за односите со јавност, Бади Калзада рекол за медиумите дека мажот, чие име не е јавно објавено, од претходно бил познат за полицијата.

– Добивме дојава дека подигнал голема сума на пари и планирал да купи многу оружје – рекол Калдаза.

Од полицијата исто така објавиле дека го одбиле мажот кога пробал да купи оружје на неколку локации и во неколку продавници, бидејќи направиле безбедносни проверки. Членовите на специјалната полиција тргнале во потрага за осомничениот и го фатиле во центарот на Форт Ворт со 700 долари во кеш. Тој им рекол дека оди да купи оружје.

– Во неколку реченици тој нагласи дека оди да купи оружје и дека има намера да наштети на голем број на луѓе и да ги убие што повеќе може – рекол Калдаза.

Полицаецот кој се нашол на местото на настанот, Ландон Ролинс, рекол дека мажот „бил уверен дека пробувам да го убијам со моите мисли“. Мажот го фатиле и го сместиле во локалната установа за ментално заболени лица, каде и сега се наоѓа. Моментално не му се заканува обвинение, но не се знае кога ќе биде пуштен од установата.

Калдаза додал дека верува дека таткото на мажот му го спасил животот.

– Тоа што го направи беше исклучително храбро. Сигурно му било многу тешко. И јас сум татко и понекогаш тешко ги дисциплинирам децата и ги казнувам, но кога би морал да викнам некој друг за тоа да го направи, би ми било уште потешко, рекол Калдаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот