Одложено заминувањето на Сеад Кочан во затвор

Додека нема одлука од судија за извршување санкции по барањето на Сеад Кочан за одложување на издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст” на СЈО, согласно Законот за извршување санкции се пролонгира неговото заминување во затвор.

Бизнисменот Кочан според упатниот акт денеска требаше да се јави на издржување на затворската казна, откако Кривичниот совет во понеделникот ја потврди одлуката на судијата од Кривичниот суд да се одбие барањето на Сеад Кочан за одложување на издржувањето на затворската казна.

Во меѓувреме Кочан поднел друго барање за одложување на издржување на казната поради болест за што Кривичниот суд се уште нема одлука.

Затворската казна која треба да ја одлежи бизнисменот е поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација. Кочан, кој е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна првично доби шест години казна затвор, но Апелацискиот суд му ја намали казната на четири години и осум месеци. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот