Одложено судењето на Зекири по препорака од психијатар

Мухамед Зеќири во Кривичниот суд / Фото: МИА

Основниот кривичен суд Скопје информира дека по препорака од психијатар се одложува денешната расправа за случајот со Мухамед Зекири.

Имено до судот е доставено ново стручно мислење на вешто лице – психијатар, според кое заради дестабилизација на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели, се вели во соопштението.

Обвинителството го товари Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

На 9 април минатата година на Зекири му беше одредена мерка притвор, која што поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор.

Со оглед да се работи за здравствена состојба, од Основен кривичен суд потенцираат дека судењето ќе биде одложено, а главната расправа ќе се насрочи во координација со останатите странки во постапката, како и согласно препораката на вештото лице, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот