Одложена расправата за предметот „Тендери”

Кривичен суд / Фото: МИА

Расправата за предметот „Тендери” закажана за денеска се одложува за 12 месецов, заради, како што информираат од кривичниот суд, изолација на еден од обвинетите.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери”, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за денеска се одлага заради изолација по добиен позитивен Ковид – тест на еден од обвинетите. Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 12.04.2021 година за што веќе се известени странките во постапката, а за евентуални нови промени јавноста ќе биде благовремено информирана, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот