Одбраната тврди: Сашо Мијалков ниту следел, ниту слушал разговори

Теоријата на обвинителството во случајот „Таргет тврдина”, против обвинетиот Сашо Мијалков, е само теорија заснована на недокажани претпоставки. Со овие зборови адвокатот Миле Петровски, ги почна завршните зборови во одбрана на неговиот клиенти, поранешниот директор на УБК, сега обвинет во главниот предмет за масовното незаконско прислушување, Сашо Мијалков.

– Тврдењето под точка еден од обвинението дека Сашо Мијалков, во период од 2008 година, до 31.12.2015 година наводно искористил некаква реална моќ и организирал лица вработени во УБК (Горан Грујовски – Надица Николиќ), кој ќе создадат група за вршење на кривични дела против службената должност, за кој може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна е претпоставка која не е заснована ни на еден доказ. Исто како што е претпоставка дека таа група е создадане и дека нејзини припадници биле лица кои овде се обвините, но и лица кои во постапката се појавија како сведоци на обвинението (Влатко Ѓорѓиевски, Марјан Јанкуловси, Звонко Костовски).

Во постапката според адвокатот Петровски, со ниту еден доказ не е потврдено дека Сашо Мијалков и Горан Грујовски (кој во постапката не дал никаква изјава затоа што ја напушти земјата) и дал насока на Надица Николиќ, (прв пат ја запознал во јануари 2015 година) три месеци пред да му заврши функцијата директор на УБК да создават група за масовно нелегално следење на комуникациите преку системите за следење во УБК.

– Од сите вербални и материјални докази изведени во постапката како факт е утврдено само тоа дека Мијалков, како директор на УБК, во воспоставената хиерархија бил претпоставен на Горан Грујовски и Надица Николиќ, која не ја познавал. Факт кој не е оспорен од ниту еден од обвинетите и вработени во УБК. Факт е дека за кривичното дело „злосторничко здружување”, се санкционират сторители кои што ќе создадат група или банда или нејзините припадници. Мијалков не е создавач, ниту организатор, ниту припадник на наводна група која што врши кривични дела. Во постапката не се изведени докази дека Мијалков презел било какви дејствија за привлекување, организирање на создавачи на група, припадници кон наводно создавената група и докази за доделување на некакви улоги на припадници во рамките на групата заради остварување на некаква заедничка цел. Не е наведен ниту еден материјален или вербален доказ дека за некаква негова улога во организирање на создавачи кој би организирале група за извршување на кривични дела, рече адвокатот Петровски.

Одбраната на Надица Николиќ, во завршниот збор, рече дека не постоела група, односно злосторничко здружение помеѓу Николиќ и останатите обвинети, бидејќи во период од 2008 до 2015 година првото запознавање на Надица со тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков се случила во втората половина на јануари 2015 година, а дотогаш тој ниту ја побарал, ниту била во неговиот кабинет или пак се сретнале на некое друго место.

– Со Сашо Мијалков, Надица Николиќ немала релации, како што се наведува во обвинението. Таа првпат се сретнала со тогашниот директор на УБК во втората половина на месец јануари 2015 година, кога Звонко Костовски го користел вториот дел од одморот. Во тој период ја повикале обвинетата на состанок, бидејќи биле отсутни и Горан Грујовски и Звонко Костовски, значи прв пат Надица била повикана на работен состанок во канцеларијата на Сашо Мијалков, на кој присуствувале и вработени во Одделот за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризам, изјави нејзиниот адвокат.

Ниту еден сведок на обвинителството, според одбраната, не споменал, ниту укажал на ниту еден контекст дека имало било каква релација на Мијалков со Надица Николиќ.

Одбраната, исто така, посочи дека Јавното обвинителство не ги докажало наводит од обвинителниот акт за создавање на група лица.

– Од ниту еден доказ на застапниците на обвинението не произлезе дека обвинетата учествувала во создавање на група, преку дејствија на барање и придобивање на припадници на група или и вопоставување на врски меѓу нив. Од ниту еден доказ на Јавното обвинителство не произлезе било какво организациско поврзување помеѓу обвинетата и останатите создавачи на групата, како што е наведено во обвинителниот акт, а заради заедничко остварување на целта за формирање на групата, а тоа е за создавање на банда или некое друго здружување на повеќе лица, кои што има за цел вршење на кривични дела, изјави бранителот на Николиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот