Одбојкарите ги дознаа противниците за Европското првенство во 2023

Одбојкарската репрезентација на Македонија на одржаната ждрепка во Неапол денес ги доби противниците за Европското првенство кое ќе се одржи во 2023 години.
Македонија заедно со Италија, Бугарија и Изреал ќе биде домаќин на континенталниот собир. Ждрепката сакаше да бидеме заедно во група со двократниот светски шампион и голем фаворит во групата Полска, а тука се уште Црна Гора, Холандија, Чешка и Данска.
За „спартанците“ ова ќе биде трето едноподруго големо натпреварување откако претходно учествувавме во Љубљана и Тампере минатата година.
ЕП 2023 ЖДРЕПКА:
ГРУПА А: Италија, Швајцарија, Србија, Германија, Белгија, Естонија.
ГРУПА Б: Бугарија, Финска, Словенија, Украина, Хрватска, Шпанија.
ГРУПА Ц: МАКЕДОНИЈА, Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка, Данска.
ГРУПА Д: Израел, Романија, Франција, Турција, Протугалија, Грција.
Европското првенство ќе се игра од 18 август до 16 септември следната година.