Одбележана 75 годишнина од стрелањето на 16-те партизани на Тетовското Кале

Општинската организација на Сојузот на борци во Тетово и Музејот на тетовскиот крај денеска го одбележаа стрелањето на 16-те партизани на Тетовското Кале, инаку членови на првата косовско-метохиска народна бригада во 1944 година. Беше оддадена почит со минута молчење и положено цвеќе на споменикот за нив поставен на Калето.

– Овие шеснаесет храби и млади борци се заробени на повеќе локации каде бригадата водела жестоки битки со балистичкото движење во Полошкиот регион и на денешен ден врзани за раце со јаже биле стрелани. Оваа Прва Косовско-метохиска бригада била составена од борци од селата во Поречието, а предводена од воениот командант Зуфер Мусиќ- истакна Јоцко Димитриевски, претседател на Општинската организација на Сојузот на борци.

Четиринаесет од стреланите партизани биле од поречките села,а двајца од Вратница. Најмладиот од нив, Велимир Трајковски од Томино село имал 16 години, а тројцата најстари имале по 34 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот