Од Скопје до Штип е брзо но ќе стане изгор скапо – еве колку ќе бидат новите патарини

фото: Слободен печат

Двете нови патарини кои ќе се градат од следниот месец на автопатот Скопје – Штип, ќе ја кренат цената на патувањето до оваа дестинација и назад.

Имено, едната патарина во Преод, ќе чини 50, во Кадрифаково 70 денари, што ќе значи дека наместо сегашните 40, патувањето од Скопје до Штип, во должина од  47 километри граѓаните ќе ги чини 160 денари во еден правец, објави Сител.

Во наредниот период предвидено е и модернизирање на петте постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но без покачување на сегашната цена.

Реконструкцијата на патарините ќе ја изврши конзорциумот Асeлсан Жикол, избран по година дена задоцнување за сума од 12,5 милиони евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот