Од понеделник во „Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат полицајци, војници, новинари и службеници

30 март 2021, СЦ Борис Трајковски / Фото: Драган Митрески - Слободен Печат.

Во крајна  фаза е салата „Борис Трајковски“ и од  понеделник може да  почне  процесот   на  вакцинација,  рече денеска министерот за здравство Венко  Филипче при посетата на салата  каде  што ќе се одвива  имунизацијата.

-Тука ќе се вакцинираат граѓаните од критичните професии МВР, АРМ, новинарите службите од Град Скопје, сите  кои имаат контакти со голем број лица. Во сите  инстутуции ќе биде  критериум возраста освен во МВР  каде  што работат млади кадри.  Како ќе се набавуваат нови вакцини ќе се намалува старосната граница за вакцини, рече Филипче.

Вчера биле вакцинирани околу 1. 300 граѓани а за во понеделник се закажани 3000 термини.

Дневно ќе бидат вакцинирани 4000 луѓе, по тоа и очекуваме  бројката на вакцинирани да достигне и 7.000  дневно.Денес ќе прави проба за  да видиме како ќе тече вакцинацијата. Ќе се вакцинира со вакцината „Путник“ . Во салата  има обележани делови за итна  мед  помош, и  опсервација на вакцинираните. Од понеделник, пуннктовите за вакцинација  ќе работат седум дена во недалата, односно ќе се вакцинира и за викенд. Пристапуваме  внимателно  за да нема  хаотични ситуации, бидејќи ова е  нов систем за сите, нагласи Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот