Од „Очајна домаќинка“ до затвореничка – Фелисити Хофман во затвор (ФОТО)

профимедиа

Холивудската актерка Фелисити Хофман, најпозната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“ од вторникот е во затвор каде започна со служењето на затворската казна во период од 14 денови, откако призна дека платила 15 илјади долари за лажирање на матурскиот испит на својата ќерка.

Актерката покрај ова мораше да плати и 30 илјади американски долари, а пресудата ја вознемири светската јавност која немаше убави зборови за прославената актерка.

Фелисити побара затвор во близина на својот семеен дом, па од вторникот престојува во затворот во Калифорнија.

профимедиа

„Таа е под голем стрес и чувства голема вина и срам, но се радува дека овој период ќе заврши брзо и сето тоа ќе биде зад неа“, тврди извор близок до актерката.

Семејството веќе еднаш ја посети, лошо и е бидејќи не е навикната на такви услови, таа е позната голем дел од својот живот. Затворската ќелија не е она на што таа е навикната“, додаде споменатиот извор.

Кога ќе ја одлежи судската пресуда, ќе биде пуштена на условна казна во период од година дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот