Од каналите во Венеција отстранет над еден тон отпад

Фото: Пекселс/ deeana-arts

Деновиве, гондолиерите во Венеција повторно се претворија во нуркачи за да извлечат дури 1.500 килограми ѓубре од два канали како дел од кампањата за чистење отпад.

„Ова е рекордна сума досега“, изјавија вчера членовите на венецијанското здружение на нуркачи-гондолиери, кое работи под името Гондолиер.

Во оваа акција за чистење на отпадот беа исчистени дел од Гранде Канал и помалиот канал Сан Триовасо, а следната и последна акција оваа сезона ќе се одржи на 21 април во Мурано.

Гондолиерите, заедно со волонтери, со години активно се вклучени во борбата против ѓубрето што се фрла во каналите на венецијанската лагуна.

Тие годинава во потрага по отпад нурнаа во морето пред плоштадот Свети Марко. Оттаму извлекле пегла, три радијатори, два бојлери, неколку железни цевки и три долги сливници.

Во фрленото ѓубре пронашле и два пропелери, четири мобилни телефони, 40 гуми, илјадници стаклени шишиња и една лична карта.

Акцијата ќе трае уште неколку недели, пишуваат локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот