Од денеска во продажба билетите за натпреварот Еурофарм Пелистер – Кил

фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска во 14.00 часот започнува со продажба на поединечните билети за вториот домашен натпревар од Лигата на шампионите за сезоната 2023/04.

Нов ривал на актуелниот македонски шампион предводен од тренерот Александар Јовиќ е германскиот Кил.

Овој меч ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола в среда (27 септември) од 18.45 часот.

Цена на поединечните билети за натпреварот:

– 550 денари (Централни позиции јужна и северна трибина)
– 450 денари (Странични позиции јужна и северна трибина)

Продажни места – DIMPO Тобако и BROTHERS Тобако и STravel
Интернет продажба – https://kartieurofarm.mk/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот