Од денеска полициски час во Србија од 17 до 5 часот наутро

Напуштањето на домовите по 17 часот и пред 5 часот наутро, ќе биде можно исклучиво поради итни медицински причини, со работна дозвола или со посебно одобрување на надлежните органи.

Од денеска Владата на Србија воведе забрана за движење на сите граѓани од 17 часот до 5 часот наутро.

Исклучок е само недела, кога граѓаните постари од 65 години ќе можат да ги напуштаат домовите од 3 до 8 часот, поради купување на продукти.

Напуштањето на домовите по 17 часот и пред 5 часот наутро, ќе биде можно исклучиво поради итни медицински причини, со работна дозвола или со посебно одобрување на надлежните органи.

Имајќи ги во предвид потребите на граѓаните, српската влада одлучи да дозволи изведување на домашните миленичиња на прошетка секој ден во периодот од 20 до 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот