Од денеска полиција во училиштата во Србија, наставата продолжува во траорна атмосфера

Оддавање почит на загинатите во основното училиште во Белград/ Фото: OLIVER BUNIC / AFP / Profimedia

Од денеска во сите училишта во Србија ќе биде присутна полиција, се до завршување на наставата, а ќе делуваат превентивно.

Во училиштата во Белград ќе бидат присутни по два полицајци. Таканаречените „школски полицајци“ имаат за задача да ја подобрaт безбедноста на училиштата и учениците, да спречуваaт, сузбиваaт и истражуваaт кривични дела и прекршоци во училишната зона.

Во случај да се дознае дека некој од учениците поседува оружје или психоактивни супстанци, полицаецот ќе побара тој ученик да биде прегледан.

Тридневната жалост, која беше прогласена поради двете масовни убиства во Србија, заврши. Но, и денеска е тажен ден, бидејќи се погребуваат четири деца.

Тие беа убиени на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога во нив пукал нивниот соученик, тринаесетгодишниот Коста Кецмановиќ. Убил осум деца и еден чувар, а ранети се седум од нив. Речиси веднаш масакрот во училиштето, ноќта меѓу 4 и 5 мај, во Младеновац Урош Блажиќ уби осум лица, а рани 14.

Поради овие трагични настани, Србија воведе низа нови ригорозни мерки, кои се однесуваат на контрола на поседувањето оружје, како и мораториум за издавање нови дозволи.

Нерегистрираното оружје без последици може да и се предаде на полицијата

Граѓаните на Србија кои поседуваат нерегистрирано оружје од денеска до 8 јуни можат да го предадат тоа оружје во која било полициска станица, за што нема кривично да одговараат и нема да сносат никакви последици.

Граѓаните кои во тој период ќе предадат нерегистрирано оружје, нема да мора да го докажуваат неговото потекло, а во полиција можат да го оставаат секој ден од 7 до 19 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Појаснија дека се работи за сите видови оружје, за автоматско оружје како и за сите други, минско-експлозивни направи, делови за оружје и муниција што граѓаните нелегално ги поседувале, пренесува Бета.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека очекува одговорност од граѓаните и побара од нив да не го кријат или фрлаат оружјето, туку да го предадат на полицијата.

Тој додаде дека очекува на овој начин да и бидат предадени „милиони куршуми“ на полицијата и потсети дека нема да има казни за оние што ќе го сторат тоа во следниот месец, но дека потоа казните за поседување нелегално оружје ќе бидат поригорозни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот