Обвинител бара затворска казна за Диего Коста

twitter.com/BBCSport

Фудбалерот ќе излезе на суд на 4 јуни, поради обвиненија дека ги избегнал даноците, јавуваат денеска шпанските медиуми.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста минува низ тежок период, бидејќи повеќе од една година против овој фудбалер се води процес поради затајување данок.

Фудбалерот ќе излезе на суд на 4 јуни, поради обвиненија дека ги избегнувал даноците, јавуваат денеска шпанските медиуми. Како што објави „АС, обвинителот побара затворска казна од шест месеци за играчот на „јорганџиите“.

Фудбалерот на шпанската репрезентација затаил данок од еден милион евра, а тоа се однесува на периодот од пред шест години кога премина од Атлетико правеше трансфер во Челси.

Често Коста има проблеми во и надвор од теренот, а бројни спортисти во Шпанија, вклучувајќи ги и Лионел Меси и Кристијано Роналдо, поминаа низ слични случаи.

Медиумите наведуваат дека, дури и доколку Коста биде прогласен за виновен, условната и финансиската казна се вообичаени во вакви случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот