Обвиненија против единаесет лица во Делчево

обвинителство ојо

 

-Седум лица се обвинети за сторено кривично дело – Непостапување по здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата. Четворица се обвинети за истото кривично дело бидејќи не ги почитувале наредбите за спроведување задолжителна самоизолација. За време на периодот од 14 дена во кој не требало да ги напуштаат своите престојувалишта, обвинетите не биле пронајдени при вршење на контрола- наведуваат во соопштението од ОЈО Делчево.

За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот