Обвинение за скопјанец кај кој беа пронајдени метадон и ампули диазепам

Обвинителен акт против едно лице на возраст од 47 години поднесе Основното јавно обвинителство Скопје, информираат од скопското обвинителство. Лицето како што се наведува во соопштението на ОЈО Скопје, е обвинето за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– На 25 март, при извршен претрес во домот на обвинетиот на улицата „Ордан Чопела” во Гази Баба, било утврдено дека тој неовластено заради продажба држел 97 шишенца синтетички опијат – метадон со вкупен волумен од 970 мл, како и 980 фабрички ампули психотропна супстанција – инјекционен раствор на диазепам со вкупен волумен од 1.960 мл, соопштија од обвинилтелство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што постои опасност од бегство и можност за повторување на делото.​​ 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот