ОБСЕ со мисија од само 30 набљудувачи на изборите во САД, ниту еден не е од Русија

ОБСЕ
ОБСЕ / Фото: Архива на Слободен печат

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека драстично го намалила бројот на набљудувачи на претседателските избори во САД поради пандемијата со новиот коронавирус.

Портпаролката на ОБСЕ, Катја Андруш истакна оти првично било планирано изборите во САД да бидат покриени со 100 долгорочни и 400 краткорочни набљудувачи, но поради пандемијата и рестрикциите за патувања ќе испрати само 30.

Таа истакна дека 30 набљудувачи ќе отпатуваат во САД на почетокот на следиот месец и нагласи дека ниту еден набљудувач не е од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот