Образование: „Дигитализацијата“ ќе дебитира во прво и во четврто одделение

Е-учење. / Фото: Архива на Слободен печат

Учебниците, прирачниците и другите материјалите за учење од прво до трето одделение остануваат во хартиена форма, исто како и лектирите за сите одделенија.

Од први септември наставата ќе почне според новата концепција, со нови наставни програми и материјали за учење. Сега само во прво и во четврто одделение, а потоа етапно и во другите одделенија.

Од Министерството за образование и наука информираа дека учебниците, прирачниците и другите материјалите за учење од прво до трето одделение остануваат во хартиена форма, исто како и лектирите за сите одделенија, додека во четврто и во повисоките одделенија предност ќе им се даде на дигиталните материјали.

Од Министерството соопштија дека наскоро ќе почне дистрибуцијата на учебниците и на другите материјалите за учење за останатите одделенија што ќе работат според старите наставни програми и тврдат дека издавачките куќи навремено ќе ги снабдат училиштата.

Новата концепција беше усвоена во март по четири месеци дебати и полемики. Планот е реформата во деветолетката да се спроведува етапно и целосно да се имплементира во следните пет-шест години. Според стручните служби, кои ја подготвија, придобивките од  новата концепција се намален број предмети, нивно интегрирање и можност за учениците да избираат предмети.

Со реформата на основното образование не е предвидена дигитализација на наставата, туку се дигитализираат само материјалите за учење, прецизираат од МОН, со напомена дека дигиталните материјали за учење се глобален тренд и дека со новите наставни програми ќе се овозможи поголемо учество на учениците во реализацијата на часовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот