(ОБНОВЕНО) ИНФОГРАФИК: За 5,2 отсто порасната поддршката на Европејците за влез на Македонија во ЕУ
Во светлината на руската воена интервенција во Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара итно членство на земјата во ЕУ, предлагајќи тоа да се направи според „нова специјална процедура“. Истиот ден кога Зеленски го побара тоа, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека „Украина е една од нас и ја сакаме во ЕУ внатре“
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во меѓувреме иако државата е далеку од полноправно членство на ЕУ а овој процес во однос на случувањата засега е невозможен бидејќи Украина сè уште не е прифатена како официјален кандидат земја, сепак неодамнешно истражување на „Југов“ во клучните земји на ЕУ (Германија, Франција, Шпанија и Италија) говори дека во Брисел низ годините варира расположението околу проширувањето на Унијата со нови членки.
Имено, резултатите од анкетата спроведена врз грѓани во Германија, Франција, Шпанија и Италија наведува дека жителите од овие земји, се расположени за ново проширување со државите кандидатки за ЕУ меѓу кои е и Македонија.
Според „Југов“ околу 22 отсто од граѓаните на овие клучни земји членки на ЕУ сакаат Украина да биде дел од ЕУ. Интересно е што за Македонија е пораснато расположението за влез во еврозоната за 5,2 отсто во просек меѓу испитаниците во овие земји во временски период од 2018 година па до 2022 година.

Нешто повеќе расположение меѓу Европејците за влез во ЕУ од нас имаат Црногорците, каде за 7,2 отсто е зголемена поддршката кај жителите на Унијата таа земја да влезе во еврозоната.
Во моментов според истражувањето за Турција е намалено расположението за околу 32,25 отсто за влез на оваа земја во Унијата. Во истражувањето исто така намалено е расположението во просек за влез на Србија во ЕУ за околу 4,75 отсто од испитаниците. За Албанија иако земјата низ годините гради позитивна слика кај Европејците во однос на политиките за нејзиното пристапување кон ЕУ сепак околу 1,75 отсто од испитаниците во овие земји го намалиле расположението за влез на оваа државата во ЕУ.
(Им се извинуваме на читателите за ненамерната грешка во претходниот текст. Ненамерно е направен превид и погрешно пренесување на резултатите од анкетата. По бројните реакции на нашите читатели, за кои сме им благодарни, веста е сменета)


