Објавени топ 10-те работни места со најсреќни и најнесреќни работници

Фото: Pexels

Изреката вели дека ако изберете работа што ја сакате, нема да мора да работите ниту еден ден во животот. Од моментот кога ќе го завршите школувањето, па сѐ до околу 65 години од животот, ќе одите на работа речиси секој ден – така што помага ако во тоа навистина уживате. Но, ако не се чувствувате исполнето, новото истражување би можело да биде инспирација за промена на кариерата, пренесува „Метро“.

Истражувањето на Reboot Online ги откри работните места (професии) со најсреќните работници. А кој го освои првото место? Се испоставило дека вработените во научниот и фармацевтскиот сектор се најсреќни, со рејтинг на среќа од неверојатни 91,93 отсто. Науката и фармацијата биле исто така најзадоволни кога станува збор за индивидуалните фактори на благосостојба за менталното здравје, зајакнувањето на работата и платата.

Вкупната оценка на среќата се одредува врз основа на одговорите на седум фактори: позитивно влијание врз другите, изгледи за кариера, зајакнување на работникот, работни односи, позитивно влијание врз менталното здравје, плата и работна култура. Биле анкетирани повеќе од 2.500 експерти на возраст од 18 до 70 години од 29 различни професии.

Работниците во индустријата на креативната уметност и дизајнот се втори најсреќни работници со резултат од 83,81 отсто, додека заштитата на животната средина и земјоделството се на третото место со резултат од 80,96 отсто. Добротворната и волонтерската работа имаа вкупен рејтинг од 76,66 отсто, при што многу работници се задоволни од позитивното влијание што нивната работа го имало врз другите. Меѓутоа, работниците во добротворните организации не се чувствувале ценети од нивните работодавци и нивното задоволство од платата и зајакнувањето на работата било под 40 отсто.

Топ 10 индустрии со најсреќни работници:

1. Наука и фармација 91,93 отсто
2. Креативна уметност и дизајн 83,81 отсто
3. Животна средина и земјоделство 80,96 отсто
4. Добротворна и волонтерска работа 76,66 осто
5. Рекламирање и ПР 73,81 отсто
6. Сметководство 73,34 отсто
7. Право 69,51 отсто
8. Рекреација 68,57 отсто
9. Инженерство и производство 67,61 отсто
10. Маркетинг 67,60 отсто

Истражувањето ги открило и индустриите со најнесреќни работници. Најниска вкупна оценка за задоволство припаѓа на енергетиката и комуналните услуги, каде што помалку од 10 отсто од работниците се задоволни од својата кариера. Само 2,44 отсто од работниците во индустријата се чувствувале среќни затоа што нивниот работодавец ги ценел и охрабрувал.

Продажбата имала втор најлош резултат за целокупното задоволство со само 10,49 отсто од работниците кои тврделе дека се среќни. Индустријата, исто така, постигнала најниски резултати за позитивното влијание врз другите (7,14 отсто) и менталното здравје (8,75 отсто). Третата најнесреќно работно место било центарот за повици и службата за корисници, при што експертите во оваа област се особено незадоволни од културата на работното место. Всушност, само 4 отсто од работниците биле задоволни од тоа.

Топ 10 индустрии со најнесреќни работници:

1. Енергетика 9,5 отсто
2. Продажба 10,49 отсто
3. Центар за повици и служба за корисници 11,91 отсто
4. Малопродажба 23,31 отсто
5. Социјална заштита 29,53 отсто
6. Угостителство и управување со настани 30,94 отсто
7. Транспорт и логистика 30,96 отсто
8. Консалтинг и менаџмент 31,43 отсто
9. Здравство 31,91 отсто
10. Вработување и човечки ресурси 37,14 отсто

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот