Пешев: Бизнисот ќе очекува од политичарите да ги реализираат изборните ветувања

Антони Пешев/Фото.: Стопанска комора на С.Македонија

Македонија е исправена пред нова политичка промена, но она на што ќе треба да обрне посебно внимание новата влада е како да се спречи нов бран на поскапувања по растечките тензии кои може да предизвикаат раст на цените на енергенсите. А она што ќе мора да се концентрираат економските ресори е Македонија да обезбедува што е можно повеќе храна, бидејќи растечкиот увоз не прави ранливи, велат од СКСМ

Бизнисот ќе очекува од партијата која ќе ја формира идната Влада да не ги заборави ветувањата и да ги спроведе во праксата. Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора, вели дека се надеваат дека она што го договориле и да се реализира, макар и да не се согласуваат со некои идеи.

Тој е пријатно изненаден од фактот дека претседателските кандидати се претставиле пред Комората некои со добри, а некои со не толку добри економски програми, уште пред да почне кампањата. Сепак, ним како Комора им се позначајни парламентарни избори. Бизнисот е уверен дека земјава е пред политичка промена.

Нивните очекувања се за поголема излезност на 8 мај, за време на парламентарните и вториот круг претседателски избори, а на новата влада и порачаа – она што е договорено со стопанството пред изборите, доследно да се спроведе за да можат компаниите да го прилагодат своето функционирање на новите услови.

-Македонија е исправена пред нова политичка промена, но она на што ќе треба да обрне посебно внимание новата влада е како да се спречи нов бран на поскапувања по растечките тензии кои може да предизвикаат раст на цените на енергенсите. А она што ќе мора да се концентрираат економските ресори е Македонија да обезбедува што е можно повеќе храна, бидејќи растечкиот увоз не прави ранливи – истакна Пешев.

Според него во овој момент нема индикатори кои укажуваат на евентуален нов ценовен бран.

-Битно е дека за разлика од минатите бранови, државните резерви на САД се на највисоки ниво. Македонија одамна го следи ритамот на пазарите во светот, но е небитен играч, а ионака објективно храната во изминатиот период се повеќе доаѓа од надвор и тоа е поклучно прашање. Македонија има се помалку производство, а се повеќе увоз на храна. Во тој сегмент, цената на нафтата би имала значење. Ако се работи за увоз на храна, тогаш ја делиме судбината на регионот. Обично храната, лани доаѓаше од Египет, а се дистрибуираше низ целиот Балкан што е апсолутно генерален принцип на снабдување во регионот и мислам дека за ова новата влада ќе треба да направи доста – објасни Пешев.

Тој ги пофали претседателските кандидати кои најдоа за сходно да ги претстават своите програми пред бизнисот.

Пред претседателските избори, кандидатите на најголемите партии се сретнаа со претставниците на Комората. Се ветуваа повисоки плати, пензии, нови вработувања, силна економија, километри нови патишта, енергетска независност. Бизнис секторот им возврати дека досега ниту една Влада немала доволно слух за нивните проблеми. Сепак, претседателот на СКСМ, Бранко Азески, во неколку наврати истакна дека ќе бараат отчет за секој потрошен денар, максимална реализација на капиталните инвестиции без пренамена на планираните средства, постигнување општ консензус за враќање на правната држава, почитување на пазарните механизми, како и борба против корупцијата и за намалување на администрацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот