Објавени субвенциите за купување на велосипеди и електрични тротинети во Карпош

фото: ЕПА/ЕФЕ

Акцијата ќе се спроведе по принципот „прв дојден, прв услужен“, а исплатата на средства ќе биде по завршување на изборниот процес.

Општина Карпош го објави Јавниот оглас за одобрување субвенции на жителите на Општина Карпош, за купување на велосипеди и електрични тротинети.

Право да аплицираат на огласот имаат сите полнолетни граѓани на Карпош, кои ќе купат нов велосипед или е – тротинет започнувајќи од 03.02.2020 (понеделник). Секој граѓанин потребно е да достави фотокопија од лична карта, трансакциска сметка (фотокопија), фискална сметка за купен велосипед или е – тротинет не постара од 03.02.2020 година.

Граѓаните кои веќе оствариле право на субвенција на огласот на Град Скопје, немаат право да аплицираат на огласот на Карпош.

Во рамки на акцијата, субвенционирањето на велосипед ќе биде најмногу до 30 %  (но не повеќе од 3.000 денари), а субвенционирањето на е – тротинет најмногу до 30 %  (но не повеќе од 5.000 денари).

Акцијата ќе се спроведе по принципот „прв дојден, прв услужен“, а исплатата на средства ќе биде по завршување на изборниот процес.

Трета година по ред Општина Карпош ја спроведува акцијата за субвенционирање на велосипеди, а од оваа година, за прв пат стимулираме и купување на електрични тротинети.

Примарната цел на локалната самоуправа е да го поттикне користењето на алтернативни превозни средства и да се придонесе во намалување на аерозагадувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот