Објавена книгата „77 есеи за романите на Павловски“

По повод 77 години од раѓањето на Божин Павловски, „Матица македонска“ ја објави книгата „77 есеи за романите на Павловски“, во избор на писателот Блаже Миневски.

Во книгата се застапени текстови од истакнати македонски писатели, литературни критичари и научници, како Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Милан Ѓурчинов, Влада Урошевиќ, Паскал Гилевски, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Катица Ќулавкова, Санде Стојчевски итн.

Божин Павловски (Жван, 1942) е македонски и австралиски писател. Живее и твори во Скопје и во Мелбурн. Автор е на 22 романа, а за богатиот романесиерски опус е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот