Фото: Општина Ѓорче Петров

Обезбедени 352 милиони денари за 24 капитални проекти во општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров почнува со реализација на 24 нови капитални проекти, за кои се предвидени вкупно 352 милиони денари со најновиот ребаланс на буџетот, усвоен на 57. седница на Советот на Општината. Со ребалансот, капиталните расходи се зголемуваат за 48 проценти, што претставува историски највисок инвестициски циклус на територијата на општината, информираат од Општината.

Проектите се распоредени рамномерно низ сите населени места и опфаќаат: изградба и реконструкција на улици и краци во населбите Хром, Волково, Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански Двор, Ново Село, Орман, Никиштани и Кучково, втора фаза од изградбата на нова детска градинка во с. Ново Село, доградба на училници во ПООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и ООУ „Јоаким Крчовски“, како и изработка на основни проекти за јавни површини со плоштад, пешачка патека и урбана опрема.

Со овие проекти, нагласуваат од Општината, се продолжува инвестирањето во клучна инфраструктура, образовни капацитети и услови за поквалитетен живот на граѓаните.

 Ова е досега најобемниот развоен пакет за Општина Ѓорче Петров. Работиме системски, рамномерно и одговорно – за секој метар улица, за секое населено место – вели градоначалникот Александар Стојкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот