Обезбедена парична помош од 100.000 долари од United Group

Во рамките на United Grоup во Северна Македонија работат Тотал ТВ, United Media со телевизиските канали Sport Klub, N1, Nova, Grand, Pikaboo, Vavoom, Cinemania, Lov i ribolov, iDJ, Brainz и продажната агенција Direct Media.

Провајдерот на телекомуникациски и медиумски услуги United Group, која работи во седум држави во регионот, во духот на солидарноста за борба со вирусот Ковид-19, ќе донира медицинска опрема и пари во вкупна вредност од три милиона долари, од кои за Северна Македонија е обезбедена парична помош од 100.000 долари.

– Во деновите кога на сите им е потребна храброст и поддршка, United Group сака да помогне што побрзо сите заедно да ја пребродиме една од најголемите светска здравствена криза и да ја олесни работата на медицинските работници, а на граѓаните да им овозможи дополнителна сигурност, наведуваат во соопштение од компанијата.

Во рамките на United Grоup во Северна Македонија работат Тотал ТВ, United Media со телевизиските канали Sport Klub, N1, Nova, Grand, Pikaboo, Vavoom, Cinemania, Lov i ribolov, iDJ, Brainz и продажната агенција Direct Media.

Наведуваат дека поради епидемијата што го услови останувањето на граѓаните дома, United Grоup веќе ги отклучи сите ТВ канали на своите платформи во целиот регион, за кои што доби дозвола, уверена дека е важно сите да бидеме солидарни и дека е битна секоја поддршка на граѓаните во целиот регион.

United Grоup како дел од водечката меѓународна инвестициска компанија BC Partners, работи во Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот