O2 иницијатива: Богдановиќ вели пратил елаборат за суспензија на ДУПот за парцелите спроти Холидеј Ин, од кабинетот на Бочварски велат дека тој не е доставен

Богдановиќ- Бочварски

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ вели дека го пратил елаборатот за суспензија на ДУПот за парцелите спроти „Холидеј Ин“. Денес од кабинетот на министерот Бочаварски велат дека елаборат не е доставен, стои во најновата објава на Фејсбук страницата на граѓанското здружение „О2 иницијатива“.

– Богдановиќ уште пред 4 месеци беше задолжен од Советот на општина Центар да побара суспензија за ДУПот и достави соодветен елаборат, но тој и денес, после уплатени комуналии од инвеститорот, изјавува за МИА „Ние испративме до Министерството за транспорт и врски уште во декември. Моментот е што таму и од дел од институциите треба да ни се дообјаснат одредени методологии како да пристапиме. Бидејќи елаборат е општ поим, значи дали е тоа елаборат за нарушување на животната средина или за јавниот интерес. Што е јавен интерес, кога најголем дел од парцелите има и приватен, треба тоа јасно да ни се дефинира. Значи ние треба да кажеме што е тоа што планираме, а што треба да се направи и дали навистина влегува во тој дел што денеска го дискутираме. Така да, ние испративме едно барање, очекуваме одредени допрецизирања за да видиме што треба да се дополни.

На чекор пред истекот на рокот во кој мора или да издаде дозвола за градење или да ги врати уплатените пари, градоначалникот на Центар се прашува каков тоа елаборат треба да се изготви?

Не можел во изминативе 4 месеци да утврди каков елаборат се бара, комисијата за урбанизам да го изготви и да го испрати? Кој кого тоа влече за нос тука?, велат од „O2 иницијатива“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот