Новогодишни пакетчиња за учениците во општина Маврово и Ростуше

Фото: МИА/илустрација

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше вчера на сите основци и децата од градинката во Скудриње, традиционално им подели новогодишни пакетчиња.

Најпрво ги посети најмалите во градинката а потоа и основците во ова и другите населени места.

На сите ученици и наставници им го честиташе успешно завршеното прво полугодие од оваа учебна година и им посакува уште поголеми успеси во новата 2023 година, информираа од општината.

Во оваа општина функционираат четири основни училишта и тоа во Скудриње, Жировница, Ростуше и Маврово Анови, каде настава следат над 400 ученици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот