Новиот „Пирло“ на позајмица во Интер – Слободен печат
СпортФудбал

Новиот „Пирло“ на позајмица во Интер

Стефано Сенси (23) доаѓа од Сасуоло на „Џузепе Меаца“ на едногодишна позајмица со можност да биде откупен договорот наредното лето.

Сенси во изминатите три сезони со добрите игри во Сасуоло се избори за повик во репрезентацијата на Италија, за која дебитираше во 2018 година.

Игра на позицијата дефанзивен или креативен централен играч за врска, а по стилот на играта го споредуваат со Пирло, Чави, Верати…

Кариерата ја започна во младинските тим на Чезена каде што имаше 61 настап и 10 голови, почесто настапувајќи тогаш како играч за врска во нападот.

Во 2016 година првиот тим на Чезена потпиша со фудбалерот и за три години имаше биланс од 68 мечеви и пет погодоци.

Претходно „неро-аѕурите“ ги ангажираа Диего Годин и австрискиот репрезентативец Валентино Лазаро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close