Човекот кој ни пресуди во Скопје потпиша за Интер (ФОТО)

twitter.com/oefb1904

Лазаро ни направи големи проблеми на последниот квалификациски натпревар за ЕП во Скопје и беше еден од главните „виновници“ со еден гол за нашиот убедлив пораз од 1:4.

Не е само тој погодок, едноставно на тој меч како крило со голема леснотија им „бегаше“ на нашиот играчи и тоа на крајот резултираше со триумф за Австрија.

Австрискиот репрезентативец кој до сега ги бранеше боите на Херта Берлин, официјално потпиша договор со Интер до 30 јуни 2023 година.

Во текот на претходните две години во дресот на Херта во Бундес лигата имаше 31 настап, со три голови и седум асистенции. Десното крило поминал и низ младинските категории на Салцбург, а на позајмица беше во Лиферинг.

Ова е второто засилување за Интер летово, претходно „неро-аѕурите“ го ангажираа досегашниот централен бек на Атлетико Мадрид, Диего Годин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот